ПОСЛЕ 11 ГОДИНИ КИСЕЛА ВОДА ДОБИ БИБЛИОТЕКА СО НАД 8000 НАСЛОВИ!

0
37

🙌 Велат дека книгата е сон кој го држите во рацете.

❤️ Денес огромно е моето задоволство што успеавме во уште една значајна цел која долго време беше наша визија за Домот на култура „Билјана Беличанец”, но и сон на нашите сограѓани вљубени во книгата.

☝️Пред само еден месец, на ова место го возобновивме киното кое во минатото било симбол на овој дел од градот, но како што уште тогаш најавив, нашата задача е овој простор во целост повторно да го направиме центар на културниот живот во општина Кисела Вода.

📕 Ова секако подразбираше и да ја возобновиме библиотеката која тука функционирала обединувајќи ги вљубениците во пишаниот збор.

🙏 Благодарение на соработката со градската библиотека „Браќа Миладиновци”, за што посебно сакам да се заблагодарам на директорката Снежана Стојчевска, жителите на општина Кисела Вода повторно го имаат овој простор за себе.

Возобновената библиотека „13 ноември”, која функционира во рамките на библиотеката „Браќа Миладиновци” на читателите од Кисела Вода им обезбедува широк спектар на литературни дела, од класични до современи, од едукативни, стручни до забавни.

📚 Со богат библиотечен фонд од околу 8000 наслови, тука вклучувајќи лектирни изданија, стручната литература и светската популарна белетристика која постојано ќе се надополнува со нови наслови, за да ги задоволиме потребите и интересите на сите наши читатели.

🫵🏼 Посебно сакам да нагласам дека на располагање има и многу детска литература, бидејќи сме свесни дека љубовта кон читањето треба да се всади уште од најраните години.

☝️Дополнително, овој простор ќе биде искористен за друга културна програма-креативни работилници, литературни читања, промоции на книги, средби со автори, со што очекувам дека библиотеката ќе биде честа дестинација на сите наши жители.

🔛 Продолжуваме со заложбите за доближување на локално ниво сите форми на култура и уметност до нашите жители, бидејќи културата е душата на општеството, неопходна за неговиот напредок и вредност.

❤️ Мојот народ заслужува!

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски