МАЈА МОРАЧАНИН ТРГНА ДА СЕ ПРЕСМЕТУВА СО НЕЗАДОВОЛНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ОД ДОМ: ИНСИСТИРА ВЛАДАТА ДА ЈА РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРКАТА НА ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, АНА ПЕТРОВСКА

0
1209

Владата е пред одлука за разрешување на директорката на државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска. Разрешувањето е на барање на претседателката на ДОМ, Маја Морачанин. Од Владата сметаат дека согласно меѓукоалицискиот договор во Владата, позицијата директор на државниот инспекторат за животна средина е во политичка надлежност на ДОМ.

“Кадровските решенија за државните инспекторати како носители на јавни функции се дефинираат низ разговори со коалиционите партии од владината коалиција и со преземање политичка одговорност пред граѓаните од страна на секоја политичка партија за позицијата со која раководи” – велат од Владата.

Директорката Петровска ќе го чека исходот од владината седница за тоа дали нејзиното разрешување воопшто ќе биде на дневен ред на седницата. Ова е епилог откако неколку члена на раководството на ДОМ изрази незадоволство од лидерката Маја Морачанин и презеде чекори за свикување на вонреден Конгрес и избирање на нов партиски лидер. Затоа Морачанин се обидува на секакви начини да спречи демократско гласање во внатрепартиските органи и тела. Овие случувања во ДОМ се јасен сигнал дека СДСМ треба што поскоро да ја шутне ДОМ од коалицијата со цел да не трпи политички последици поради диктаторските тенденции на Морачанин.