ПОЛИЦАЕЦ ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ ВО ЧАИР – ПРОТИВ НАПАЃАЧИТЕ Е ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА

0
321

Ова е уште еден случај во серијата напади врз полициски службеници што се регистрирани во изминатите неколку месеци.

Полициски службеник кој вршел службени дејствија, вчера во Чаир бил физички нападнат од две лица против кои по брза постапка е поднесена кривична пријава. Ова е уште еден случај во серијата напади врз полициски службеници што се регистрирани во изминатите неколку месеци.

„Вчера (18.11.2023) полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесоа кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Е.Н.(20) и Н.Н.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” член 383 од Кривичниот законик, по што лицата се изведени пред судија на претходна постапка.
Имено, на 17.11.2023 околу 13.00 часот на подрачјето на Чаир, Е.Н. и Н.Н. физички нападнале полициски службеник кој вршел службени дејства.По преземени мерки и активности тие биле лишени од слобода од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје“ – стои во известувањето од МВР.