(ФОТО) Павле Трајанов и Слободан Богоевски во посета на Прилеп и прилепските бранители од Здружение на резервни воени обврзници учесници во настаните 2001-2002 : Никој не смее да манипулира со маката и несреќата на бранителите

0
2663

„Павле Трајанов, носител на листата во Скопската изборна единица, од Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА и носителот на ИЕ 4 Слободан Богоевски, денес во посета на Прилеп разговараа и остварија средби со претставници и претседателот на ,,Здружение на резервни воени обврзници учесници во настаните 2001-2002″ Рубин Секулоски каде главен проблем е злоупотребата на допринесот кон државата на бранителите од страна на власта која секојдневно си поигрува со нивните судбини оставајќи ги на работ на егзистенција и на маргините на општеството без корка леб и без никаква почит.img_5890

Во разговорот со прилепското здружение на воени резервни обврзници Павле Трајанов како носител на Скопската изборна единица од коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА како и носителот на ИЕ 4 Слободан Богоевски изразија силна поддршка кон Здружението на резервни воени обврзници каде исто истакнаа дека она што го прави државата е голем срам за жртвата која ја придонеле овие луѓе додека во другите држави оние кои ја бранат татковината се слават како народни херои во Македонија оние кои ја бранат државата и нејзиниот суверенитет и безбедност се на маргините на општеството, без пари, без основните услови за лекување како и без корка леб.

Трајанов и Богоевски придружувани со др. Ношпал побараа поддршка од граѓаните и од прилепчани како што велат според нивниот слоган кој гласи за ПРОМЕНИ и ПРАВДА за да се сруши оваа ненародна власт која секој ден го лаже народот се со цел да се амнестира од десет годишниот криминал.img_5855img_5878