ПОДВИГ ЗА РЕСПЕКТ НА ПРАТЕНИКОТ ОД СТРУМИЦА И ПОРТПАРОЛ НА СДСМ, Костадин Костадинов: Од мојата пратеничка плата ќе купам три лап топ компјутери за семејства на кои им е потребно

0
1385

Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ и актуелен пратеник во Собранието, објави дека од неговата плата ќе купи три лап топ компјутери за семејства кои имаат потешкотии да обезбедат соодветна онлајн настава за своите деца.

„Лично ќе одвојам дел од мојата плата за набавка на 3 лап топ компјутери за семејства кои не можат тоа да си го дозволат. Го повикувам и Наум, но и сите функционери во Северна Македонија, да се издигнеме над дневно партиските интереси и да помогнеме таму каде што е тоа најпотребно. Време е за солидарност, време е да бидеме луѓе, наместо да се делиме на партии, етникуми, по вера, по боја“, објави Костадинов во дел од својот статус на Фејсбук.

Претседателот на собраниската комисија за избори и именувања ова го објави во контекст на одговорот кон гласноговорникот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој го обвини Костадинов дека се фотографирал со мотоцикл кој не го пријавил во анкетниот лист. Костадинов напиша дека не го пријавил возилото затоа што не е негово.