СПОРТСКИ ПРЕДИЗВИК НА ДВЕ РАКОМЕТНИ ЛЕГЕНДИ НИЗ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Наумче го прифати предизвикот на Борко : Не само што купувам македонски производи, истите ги донирам

0
1037

Борко Ристовски постојано апелира до граѓаните да купуваат македонски производи, како еден од начините да се спаси економијата во време на коронавирус.

Тој пред неколку дена на својот „Инстаграм“ профил сподели фотографија со македонски производи и го предизвика некогашниот соиграч, Наумче Мојсовски, кој денеска се огласи на социјалните мрежи.

„Борко, донирав јас, донирај и ти“, е новиот предизвик на Мојсовски.