ПЕТРОВСКА : ОД НОЕМВРИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ИСПЛАТАТА НА ОТПРЕМНИНА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ И ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА 2.000 ДЕНАРИ ЗА СИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА АРМИЈАТА

0
477

Министерката Славјанка Петровска на вечерашната Топ тема се осврна на Измените на законот за служба во Армијата кои беа договорени во дијалог со сите четири  синдикати и во кои се вклучени платите и покачувањата и други придобивки и бенефиции. Од утре припадниците на Армијата добиваат покачување на платите од 2.000 денари, а исплатата на отпремнината во висина од две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата започнува следната недела.

„Се отвара уште една можност за сите оние професионални војници кои ќе наполнат 45 години, со што им престанува нивниот договор за работа како професионални војници, да земат отпремнина, да останат во Министерството или пак да бидат превземени во некоја од другите институции“, рече Петровска. Министерката истакна дека пресметките се веќе вкалкулирани во буџетот и  од следната недела  ќе започне исплатата на  отпремнина за професионални војници кои ги исполнуваат условите и доставиле барање за отпремнина.