ПЕТРОВСКА НА ТОП ТЕМА : АРМИЈАТА ЗАБРЗАНО СЕ МОДЕРНИЗИРА, ДОБИВМЕ СОЈУЗНИЧКА ПОДДРШКА ОД САД СО ВРЕДНОСТ ОД 78 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

0
365

Во контекст на опремувањето и модернизацијата на Армијата, министерката Славјанка Петровска на вечерашната Топ тема истакна дека неперспективната опрема во Армијата забрзано се менува со нова и софистицирана опрема, што е поддржано и од буџетот на Армијата кој согласно плановите до 2024 година ќе изнесува 2 проценти од бруто домашниот производ.

Оваа година, истакна Петровска, одбранбениот буџет изнесува 1,77 проценти од БДП, односно околу 220 милиони евра од кои 30 проценти се одвојуваат за модернизација и опремување. Пристигната е првата пратка од Лесните оклопни возила, JLTV, во тек е набавка на возила Stryker, а потпишан е и повеќегодишен договор за набавка на француски системи за противвоздушна одбрана, информираше Петровска.

Во процесот на модернизација, опремување и развој на Армијата, Северна Македонија доби и сојузничка поддршка од САД со 78 милиони долари, средства кои ќе се наменат и за развој на капацитетите за сајбер одбрана.