СО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА БАРАМЕ ПОМОШ ОД ВЛАДАТА БИДЕЈЌИ ГРАД СКОПЈЕ НЕМА ПАРИ, ВЕЛИ ПЕНОВ

0
440
– Веќе два месеци траат овие јавни препукувања кои влијаат на атмосферата и животот на граѓаните, преку управувањето на системите. Затоа е нашата интенција да се вклучиме во тој процес и да ја спуштиме топката, рече Ристо Пенов, министерот за локална самоуправа во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24. Тој изјави дека Град Скопје се наоѓа во голема криза, но Владата има слух во поглед на решавање на актуелните проблеми во главниот град.

-Се согласивме со градоначалничката дека треба помош и можеме да се вклучиме. За подземниот тунел (кај Лимак) што треба да излезе кај зградата на Нова Македонија, пари нема, но ќе ги бараме и ќе го решаваме фаза по фаза, изјави министерот. Тој додава дека, среќни околности е што еден поголем дел е завршен кон Кисела Вода, но најпроблематичниот дел е како ќе ја преминеме улицата Св. Климент Охридски. Не е само техничкиот проблем, туку треба да се разреши и сообраќајот. Водњанска треба да биде неколку месеци затворена, ќе има директна блокада и Владата треба да најде решение. Линк до интервјуто на ТВ 24 ОВДЕ.