ПЕНДАРОСКИ : ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ РАЗЛИЧНОСТА ДА БИДЕ ПРИЧИНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА, СТИГМА ИЛИ ДЕЛА ОД ОМРАЗА КОН ЛГБТИК+ ЗАЕДНИЦАТА

0
290

По повод 17 мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

„На Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, да се потсетиме на важноста да ја прифатиме различноста на секој од нас во поглед на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Само на тој начин ќе постои толеранција во нашето општество, сѐ спротивно на прифаќањето е само изговор кој води кон патот на насилство.

Да создаваме заедница во која сите ќе имаме еднакви можности за образование, вработување, професионален развој, пристап до правда, социјална и здравствена заштита и слободна реализација во општеството.Да не дозволиме различноста да биде причина за дискриминација, стигма или дела од омраза кон ЛГБТИК+ заедницата. Заеднички да создаваме отворено и демократско општество на слободи и права.“