ПАЧЕШКОСКИ : ЗАПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА ЗА ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ЗА ПРОИЗВЕДЕН И ПРЕДАДЕН ТУТУН ОД РЕКОЛТА 2021 ГОДИНА

0
468

Од денес започнува реализацијата на финансиската поддршка за тутунопроизводителите за произведен и предаден тутун од реколта 2021 година. 🔛

Од страна на АФПЗРР беа изготвени налози за исплата на 1️⃣7️⃣.2️⃣8️⃣0️⃣ тутунари за вкупна финансиска поддршка од 1️⃣.3️⃣ милијарди денари.

Средствата ќе се трансферираат на сметките на тутунарите преку трезорот на министерството за финансии на секојдневна основа во следните девет работни дена. ✅

Дополнително во тек на месец Јуни се очекува и реализација на исплатата на финансиската поддршка за :

🟢 Набавено вештачко ѓубриво 🌾
🟢 Продадени или заклани гоеници 🐷
🟢 Премија за произведено и предадено млеко јануари – февруари 2021 🥛
🟢 Директни плаќања за заклани бројлери и несилки во кланични капацитети

Фејсбук статус на претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.