СОВЕТНИЧКАТА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА, МАРИЈА СИМОНОСКА ПРОГОВОРИ ЗА ЛИЦЕМЕРИЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП

0
1545

На 12 седница во Советот на Општина Прилеп на говорница се обрати и советничката од ВМРО Народна Партија – Прилеп која јасно ги искажа своите забелешки и забелешките од прилепчани.

,,За жал не се остварени ниту малку од нејзините стихови од песната ,,Фантазија ли е?”, a и изманитите 8 месеци не се среќни, ниту надежни и нашите граѓани, нашите гласачи, нашите прилепчани. Како нов состав на мандати и ново раководство на локалната самоуправа и администрација за жал не слушнав, ниту досега нови планови, стратегии и анализи со цел подобрување и остварување на сите ваши ветувања пред изборите како мнозинска група советници во овој состав.” – вели Симоноска.

Таа укажа на забелешки до градоначалникот и општинската администраци, апелира и алармира, исто како и нашите прилепчани да се разбуди општинската администрацијата, комуникацијата на службениците со корисниците е катастрофална, а одговор на документи, барања, согласности и слично ги нема или се чекаат со денови. Испраќа порака да се разбуди администрацијата, како што ДПМНЕ ветуваа пред изборите.

Според неа нема разлика во стратегијата за водење на јавните претпријатија и училиштата  од претходните мандати на ДПМНЕ кој траеше 12 години, односно 3 мандати. Ниту еднаш ДПМНЕ како мнозинство советници и Градоначалник кои се ,,менаџери” на Општина Прилеп не понудиле стратегија за подобрување на состојбите во нашата општина, јавните претпријатиа и уште потрагично доказ за тоа бил дневниот ред на 12 седнцица од Совет на Општина Прилеп.

,,Денес апсолутно ќе се види лицемерието на ДПМНЕ и неспособноста за раководење и изнајдување на нови решенија  за ублажување на финансиската криза и штетите кои ќе ги трпат граѓаните. За ова исто така доказ е денешниот дневен ред во кој предлог – точки на гласање се зголемување на цените и тоа за услугите на  Старски Дом, ПУП и комунални такси. Зарем не алармирате секојдневно за непокачување на цени, а друга страна денес ќе биде гласано токму зголемување на цените! За која стратегија вие сте предлагачи и секако ќе бидат изгласани само од вас! Не им излегувате во пресрет на граѓаните во оваа криза! – Јасно истакна Симоноска.

Симоноска исто така повика и даде акцент на поголема грижа за пешаците кои конечно има каде да се движат по Булеварот ,,Гоце Делчев”, кој претходно освен само коли немаше простор да се движи пешак, ниту пак мајка со количка. И повика на заедначка соработка со цел превземање на подобро мерки за заштитат и безбедноста на нашите деца.

Од нејзиниот говор јасно се гледа дека е против покачување на цените! Како и нејзината грижа за посветол Прилеп.