ОСМАНИ : ГЕНЧОВСКА ГО ПОСТАВИ БАРАЊЕТО – ПРВО БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ПА МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈА, НО ЗА НАС ТОА Е НЕПРИФАТЛИВО

0
814

Точно е дека тоа беше бугарско барање и тука премиерот Петков е коректен дека има такво барање. Но нема договор, бидејќи за нас тоа е неприфатливо. Ние мислиме дека треба да е обратно. Нема дилеми дека треба да се направи, но во однос на чекорите сметаме дека треба да е обратно. И се заклучи дека треба да се врати секој во своите централи. Ние сметаме дека преговрачката рамка треба да биде заедно со меѓувладината конференција, а потоа да влеземе во уставни измени, вели МНР Османи за Канал 5.

Точно е дека за време на последната посета на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изминатиот викенд во Скопје беше кажано првата меѓувладина конференција на С Македонија со ЕУ да се одржи дури по внесување на Бугарите во Уставот, но тоа беше бугарско барање, а не е договорено, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за „Само вистина“ на Канал 5.

„Точно е дека тоа беше бугарско барање и тука премиерот Петков е коректен дека има такво барање. Но нема договор, бидејќи за нас тоа е неприфатливо. Ние мислиме дека треба да е обратно. Нема дилеми дека треба да се направи, но во однос на чекорите сметаме дека треба да е обратно. И се заклучи дека треба да се врати секој во своите централи. Ние сметаме дека преговрачката рамка треба да биде заедно со меѓувладината конференција, а потоа да влеземе во уставни измени“,

Рече Османи одговарајќи на новвинарско прашање дали на средбата во саботата е договорено прво да се отвори Уставот, што би го отворило патот за меѓувладина конференција на РСМ и ЕУ.

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, вчера во интервју за БТВ, изјави дека при последната посета на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на Скопје е разговарано првата меѓувладина конференција на Република Северна Македонија со ЕУ да се одржи дури откако Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот. Тоа, според Петков, засега е само на ниво на предлог.