„Напаѓачите од Серава“ отишле сами во полиција, ниту го виделе Диме Спасов, ниту го бркале!

0
960

„Напаѓачите“ од групата од Серава која ја посочи провладиниот Курир а потоа  и дополнителниот заменик Диме Спасов дека го бркала ноќта кога удри две возила, а потоа избега од полицијата, го демантирале Спасов уште синоќа, дознава А1он.

Кога ги слушнале своите имиња на некои од провладините медиуми лицата сами синоќа отишле во полициска станица и дале изјави во кои се посочува дека приказната нема никаква врска со нив, ниту е вистинска. Ниту го бркале, ниту го виделе Спасов во ноќта кога заменик министерот удри две возила.

Цела Македонија, но и поширокиот регион вчера дозна за заменскиот министер Диме Спасов кој удрил 2 возила беснеејќи по скопските улици, па трчајќи и избегал на полицијата, а го пратил својот возач да лаже дека тој возел наместо него.