ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ КУРШУМ ПРЕД ПРЕД СВОЈОТ ДОМ, СЕ ОГЛАСИ И АРБЕН ТАРАВАРИ : ПРОМЕНАТА ПОЧНА И НЕ МОЖЕ НИШТО ДА ЈА ЗАПРЕ!

0
173

Претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари се јави со реакција откако утрово најде куршум пред својот дом, ден по превирањата во партијата.

„Полициски екипи денеска беа кај мене дома, како што видовте во медиумите, бидејќи таму беше пронајден куршум со кој беше испратена јасна заканувачка мафијашка порака. Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за тие политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент да замолчи нечиј глас се куршумите, куршуми кои ме потсетуваат на Италија од 1992 година каде мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе… Но, до тука ми е жал… тука завршува моето жалење и започнува мојата радост затоа што разбирам дека оние што ја држеа оваа земја како заложник се во очај на загуба! Секој што ќе остане без зборови, а му остана само куршумот е во голема неволја… На било кој што го фрлил тој куршум, му велам дека и тешка артилерија да користи, ПРОМЕНАТА ПОЧНА И НЕ МОЖЕ НИШТО ДА ЈА ЗАПРЕ!“, вели во својата реакција преку социјалните мрежи Таравари.