Како знам дека Заев е чист пред македонските закони?

0
1289

Многу просто.

Зоран Заев беше прислушуван 5 години без прекин. Власта преку сопствено признание во куртонските медиуми кажа дека знаела оти го исклучувал мобилниот на влез на Скопје, податок кој таа може да го знае само ако таквиот мобилен е прислушуван. Власта и го следеше Заев целиот тој период, па дури и знаеше колку пати ја преминал грчката граница пешки и со кој бизнисмен се сретнувал во Солун во која кафана.

И во таква ситуација, и после 5 години под лупа, власта НЕ ОТКРИ НИКАКВИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ИЗВРШЕНИ ОД НЕГОВА СТРАНА, за на крај да мора да му мести уценето лице со камера во копче од сако бајаги да му нуди мито, кое не смени раце.

Да имаше во тие 5 години било какво кривично дело, Зоран Заев досега одамна ќе го фрлеа во затвор.

Фејсбук статус на Владимир Петрески