ОТКАКО ЕДЕН АНТИЧКИ ЦРЕП ВО ФЕЈСБУК КОМЕНТАР ЈА НАВРЕДИ СОПРУГАТА НА ГЕНЕРАЛ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ДЕСЕТ МИНУТИ ПО СТАТУСОТ НА ГЕНЕРАЛОТ ПОЧНАЛ ДА ПЛАЧЕ И ДА СЕ ИЗВИНУВА

0
857

КАКО ЛАВОТ МАКЕДОН СТАНА МАЧЕ

Јавна личност сум и можам да поднесам секакви напади врз мене. Но крајно нечовечно е’, во пресметките со мене или со било која друга јавна личност, да се меша семејството. Што им погрешиле нашите семејства на дежурните мразачи, полни со фрустрации, отров и омраза. Мразачи кои вообичаено се обични плашливи кукавици, скриени зад тастатура.

Да биде злото поголемо, борејќи се за читаност, интернет магазините воопшто не внимаваат како ги пласираат нивните вести. Вообичаена тактика е да стават навредлив или провокативен наслов додека текстот под насловот најчесто е коректен за да избегнат тужби. За жал, денес ретко кој чита повеќе од наслов.

Затоа апелирам до сите интернет медиуми да бидат внимателни при пласирање на вести особено при бирањето на наслов. Бидејки повредуваат луѓе. Повредуваат нечии родители, жени и деца. Кукавицата од скриншотовите долу напиша вулгарен коментар за мојата сопруга на ФБ страната на еден портал. Без да мешам институции само побарав да ми се јави на телефон. 10 минути подоцна се стопи храброста на големиот и храбар Македон и од разрикан лав се претвори во размјаукано маче. Сосем за крај, дали било кој од вас очекува, доколку загусти, овој гад, овој нечовек, но и многу слични на него да се борат и да ја бранат татковината?

Фејсбук статус на генерал Стојанче Ангелов.