АНГЕЛОВ ПРЕДУПРЕДИ : ЌЕ ИМАМЕ ПОПЛАВИ, ЗАСУКАЈТЕ ГИ РАКАВИТЕ

0
1152

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, вчера во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 предупреди дека согласно проценките, за еден месец ќе имаме големи поплави.

– Заедно со луѓето од проценка на ризик и загрозување заклучивме следуваат поплави во Македонија за неколку недели, можеби и за еден месец, затоа што вообичаено е после вакви суши да има поплави. Тоа не значи дека сигурно ќе има, но затоа јас сега ги предупредувам градоначалниците да засукаат ракавите и да ги исчистат каналите. Пред пожарите ги предупредив градоначалниците дека можат да се потпрат само на два хеликоптера во случај на пожар, бидејќи авионите не беа во функција. Тоа е суровата реалност – рече Ангелов.