Зоран Заев денес полни 42 години И НЕКА МУ Е НАЈСРЕЌЕН

0
2093

Храброста и желбата за подобро утре на македонскиот народ се карактеристични за лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Денеска Заев наполни 42 години. Покрај добро здравје во наредните години, му посакуваме од годинава да ја води државата од кабинетот на Илинденска број 2.14523100_674793149350441_7950181705723584640_n

Роден е на 8 октомври 1974 година во Струмица. Оженет со Зорица Заева со која има две деца, Александра и Душко. Дипломирал на Економскиот факултет – Скопје во 1997 година. Говори англиски и српски јазик.

Професионалната кариера ја започнува во „Тргопродукт“ – Струмица каде што работи во периодот од 1997 до 2003 година а во 2001 е именуван за директор на истото претпријатие. Бил член на Управен одбор на штедилницата „Пеон“ во периодот од 1998 до 2003 година, а во Управен одбор на Индустријата за градежни материјали ”Еленица” од 2001 до 2003 година. Во периодот од 2000 до 2003 година ја врши функцијата Претседател на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец” – Струмица.

Член е на СДСМ од 1996 година, и оттогаш активно учествува во сите изборни циклуси. Во два мандати е избран за член на претседателството на ОО на СДСМ Струмица. На парламентарните избори во 2006 година е назначен за шеф на Регионалниот изборен штаб за 4-та изборна единица. Во 2006 година е избран за потпретседател на СДСМ, а оваа функција ја врши до 2008 година кога е избран за в.д. претседател на СДСМ. На IX-тиот Конгрес на партијата повторно е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ. На IIX-тиот Конгрес на партијата е избран за нејзин претседател.
Политичката кариера ја започнува во 2003 година како пратеник во Собранието на Република Македонија. На локалните избори во 2005 година за прв пат е избран за градоначалник на Општина Струмица. На истата функција е реизбран и на локалните избори во 2009 и 2013 година.
Добитник е на наградата за најдобри практики од Советот на Европа за првото јавно – приватно партнерство во Република Македонија, реализирано со изградбата на објектот „Глобал”. Општина Струмица под негово раководство е добитник на највисоко државно признание во областа на екологијата (2007 – 2008 година).