СЛАБОСТ ВО ЗАКОНОТ ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА Е НЕКОИ СУДЕЊА ДА СЕ ВРАЌААТ НА ПОЧЕТОК, ЉУБОМИР ЈОВЕСКИ: ПОТРЕБНИ СЕ ИЗМЕНИ БИДЕЈЌИ НОВ СУДИЈА МОЖЕ ДА СЕ ЗАПОЗНАЕ СО ИЗВЕДЕНИТЕ ДОКАЗИ ЗАТОА ШТО СУДЕЊАТА СЕ СНИМААТ

0
1043

Републичкиот обвинител Љубомир Јовески излезе јавно со свој став за случаите кои беа вратени на почеток, како што беа неколку такви примери од СЈО со разрешувањето на судијата Горан Бошевски и поротникот Митко Сандев. Тој тврди дека тоа е голема слабост на Законот за кривична постапка и треба да се разгледаат други решенија за да не доаѓа до ова и во иднина.

“Треба да се преоцени потребата дали во вакви случаи кривичната постапка треба да почне од почеток со оглед дека доказите се изведени, за нив постојат соодветни записи, сега веќе рочиштата се снимаат, и дали не може новиот член на судскиот совет да му се остави дополнително време да се запознае со дотогаш изведените докази. Или пак да се даде соодветна можност на судијата-поротник да постапува по тој предмет се’ до завршување на предметот без разлика што наполнил определена возраст. Има повеќе решенија, но очигледно дека актуелното значи слабост по постапувањето во овие предмети, процесите ги прави скапи, а некаде одолговлекувањето оди и на штета на обвинетите лица” – рече обвинителот Љубомир Јовески.