ОТКАЗИ ЗА 27 ВРАБОТЕНИ ВО ЈП„КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ВО СКОПЈЕ

0
595

Откази од ЈП„Комунална хигиена“ добиле уште 27 вработени, кои за тоа дознале синоќа доаѓајќи трета смена на работа. Тие велат дека на листот на оглсната табла со отпуштени ги виделе и нивните имиња, иако со децении работат во претпријатието. Тие биле распоредени на работни места метачи, магационери, возачи и главни на блок.

Директорката на ЈП„Комунална хигиена“ Косана Мазнева Николиќ пред два дена на прес конференција најави дека откази ќе добијат оние што ништо не работат, како и лица кои примале плата а не оделе на работа.

Синдикалната организација на ЈП „ Комунална хигиена“ во интерес на здравјето на граѓаните го запре бојкотот и вработените продолжија да собираат сметот.
Најновите откази во јавното претпријатие се дополнување на веќе отпуштените десетина вработени на неопределено време, меѓу кои е и синдикалниот лидер и 27 примени со договор преку Агенцијата за привремени вработувања. Меѓу последните кои добија откази само за едно лице претходно била спроведена дисциплинска постапка. Останатите отпуштени се оние што протестираа , барајќи повисока плата, К-15, бенефициран стаж и враќање на избрканите колеги.

Според вработените членовите на Синдикатот се изложени на уцени од директорката за бркање од работа, доколку делуваат за остварување на барањата.
За спречување вработен да си ја врши работата, додека траеше протестот во претпријатието, едно лице заработи кривична пријава за насилство. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес изјави дека можно е да има и други кривични пријави. Според него треба да одговараат и тие вработени во „ Комунална хигиена“ за кои ќе се потврди дека со години земале плата, а не доаѓале на работа.