МИЦКОСКИ НЕ ОДОБРУВА НАБАВКА НА АВТОБУСИ ЗА ЈСП ЗАТОА ШТО НЕМА ПРОЦЕНТ – СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ НАСОЧЕНИ САМО КОН ДЕСТРУКЦИЈА

0
462

Генерално не излегувам од кожа, но денеска она што се слуќи во Град Скопје видно ме изнервира и искрено не очекував од Трајко Славевски.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се насочени само кон деструкција, по секоја цена сакаат да блокираат нешто, да биде нешто не како што е испланирано од градоначалничката или Советот, туку да покажуваат со прст дека нешто не се реализира, вели во денешната епизода на Тешки муабети членот на президиумот на Левица, Реџеп Исмаил.