ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ЕП ЈА ИСТЕГНАА ЗА УШИ СРБИЈА И ЈА ПОВИКАА ДА ПРЕСТАНЕ СО ХОМОФОБИЈА И ДА ОВОЗМОЖИ ОДРЖУВАЊЕ НА ЕВРОПРАЈД!

0
520

145 претставници на Европскиот парламент ги повикаа српските власти да овозможат одржување на Европрајд 2022 и да обезбедат доволна полициска заштита.

Писмото со повикот е упатено до претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ како и до претставниците на ЕУ во Србија и Брисел.

Пратениците потсетија дека прајдовите биле и остануваат клучна алатка за видливоста на ЛГБТИК заедницата ширум светот.

Потписниците на писмото бараат од српските власти, покрај одржувањето на Европрајд како што е планирано, дополнително да се заложат за распоредување на доволно органи за спроведување на законот на настанот и да им се овозможи на учесниците безбедно да го остварат своето право на мирен собир и слободата на изразување.

ОН загрижени поради откажувањето на меѓународниот „ЕвроПрајд“ во Белград
Исто така, се бара да се одржи дијалог со Делегацијата на ЕУ и организаторите за да се изнајде решение кое ќе обезбеди одржување на настанот.