ЦАРИНСКА УПРАВА : СПРЕЧЕНА НЕДОЗВОЛЕНА ТРГОВИЈА НА ФРЕОН ВО БОЦИ ШТО СЕ ШТЕТНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

0
654

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречија недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз.  Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г.

При царинска контрола на возилото беа пронајдени 1150 боци со неколку типа на фреон со вкупна тежина од над 13,5 тони. Прометот на средства за ладење во цилиндри за еднократна употреба е забранет заради заштита на животот и здравјето на луѓето и на животната средина, како и заради елиминирање на истекувањата на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка.

Стоката е привремено задржана, а за едно физичко и едно правно лице се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство, за кривично дело Недозволена трговија, казниво според Кривичниот законик.