ШОКАНТНИ ИЗЈАВИ НА МИЦКОСКИ: ВНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ E ПРЕДАВСТВО И АНТИ ЕВРОПСКИ ЧИН, НОРМАЛНО E АЛБАНЦИТЕ ДА РАБОТАТ ПРОТИВ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД?!

0
649

Владата на ДУИ поддржана од СДСМ има еден чуден менталитет, практично без никакви консултации, постигнува некакви национални предавства во четири очи и потоа, тоа го претставува како победа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешните теренски активности одговарајќи на новинарски прашања запрашан колку се вистински заложбите на владата за ЕУ агендата и дали тоа го работат во вистинска насока.

Мицкоски истакна дека, до некаде, ги разбира ДУИ и нејзиниот претседател, Али Ахмети но, не може да ги разбере членовите на владата од редовите на СДСМ кои учествуваат во националните предавства и истите му ги наложуваат на македонскиот народ, но и на ВМРО-ДПМНЕ, кој што воопшто не биле консултирани, да ги прифатат и сето ова однесување е спротивно на вредностите на Европската Унија кои се поставени уште од нејзиното основање.

„Само оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ. Ги разбирам некако и Али Ахмети и ДУИ, можам до некаде да ги разберам. Не можам да ги разберам овие од СДСМ кога ќе постигнат договор со национално предавство, пред се тоа предавство тука се однесува за македонскиот национален идентитет, и потоа тоа го поистоветуваат како триумф и бараат од ВМРО-ДПМНЕ, кој што воопшто не ни бил консултиран, бараат од народот тоа да го прифати. Ако не го прифатите тоа сте спротивно на ЕУ. Не! Самото тоа однесување е спротивно на вредностите на ЕУ дефинирани уште многу, многу одамна од Дегаспери, Шуман и Аденауер, што се сосема различни од ова однесување на владата на ДУИ поддржана од СДСМ“, рече Мицкоски.

И сега, вели Мицкоски, вие кога ќе имате вакво однесување, се поставува прашањето, како тогаш овие луѓе функционираат, објаснувајќи дека така функционираат што го кочат развојот и градењето на Македонија како што е гласањето против буџетите на општините Аеродром, Охрид, Велес и така натаму, наспроти што поддржуваат сомнителни зделки како доделување на 10 милиони евра за ЈСП во доцните синоќешни часови изгласани во Советот на Град Скопје од страна на советниците на СДСМ, ДУИ и Левица.