АХМЕТИ : ИМА КОРУПЦИЈА, ИМА КРАДЦИ, ДАЈТЕ ДА ГИ ФАТИМЕ

0
543

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера вечер од студиото на ТВ21 побара отворање на национален фронт кон корупцијата и криминалот.

„Има корупција, има крадци. Дајте да ги фатиме. Кој е тој функционер кој злоупотребува. Не велам дека нема но ајде, нека отвориме национален фронт. Луѓето што се занимаваат со лоши работи знаете ли само колку заеднички јазици наоѓаат. Тие се прават мултиетнички. Бугари, Албанци, Македонци. Сите прогресивни сили не можат да постигнат една спогодба. Нека се бориме против корупција, против криминалот, против лошото, дај да ги пријавиме. Има милионери, станале милионери како станале такви? Кој биле вчера а кои се денес. Не сум против ова. Почни со мене…“, изјави Ахмети во Клик Плус на ТВ21.