ОСУМГОДИШНО ДЕТЕ ОД СКОПЈЕ ИСКАСАНО ОД КУЧЕ ДО СМРТ

0
533

Осумгодишно дете од скопската населба Пинтија почина по напад од куче од расата Бул Мастив. Трагедијата се случила откако детето се приближило до дворот каде што го чувале кучето, по што било нападнато.

Детето со тешки телесни повреди е префрлено во Градската општа болница каде починало.

-На 11.04 Во 18,25ч. од ГОБ„Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г.. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.