ВО СВОЕТО ОБРАЌАЊЕ ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ЗЕЛЕНСКИ ЈА ПОВИКА ИТАЛИЈА ДА ЈА ЗАПЛЕНИ ЈАХТАТА НА ПУТИН ШЕХЕРЕЗАД, ВРЕДНА 700 МИЛИОНИ ДОЛАРИ КОЈА ВО МОМЕНТОВ Е ЗАКОТВЕНА ВО ТОСКАНА

0
765

Украинскиот претседател Зеленски во своето обраќање во италијанскиот парламент побара од владата на Италија да се заплени јахтата на рускиот претседател Владимир Путин ,,Шехерезад” која е проценета во вредност од околу 700 милиони долари.

Во моментот јахтата на рускиот претседател ,,Шехерезад” е закотвена на пристаништето во Тоскана.

Зеленски побара запленувањето на јахтата на Путин ,,Шехерезад” од италијанската влада да стане дел од санкциите на земјите од Европа и светот кон Русија како што е замрзнување на имот, банки и друго на руски олигарси ширум Европа.