ВО НЕДЕЛА НАУТРО ЌЕ ЗАПОЧНЕ ПОПИСОТ, ГРАЃАНИТЕ СЕ ОБВРЗАНИ ДА ДАВААТ ТОЧНИ ПОДАТОЦИ И ОДГОВОРИ, СИМОВСКИ: ОБЕЗБЕДИВМЕ ОПТИМАЛНА БРОЈКА ОД 500 РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ И 5000 ПОПИШУВАЧИ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА

0
118

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски изјави дека ДЗС веќе обезбедил 5000 попишувачи и 500 инструктори за да се спроведе успешен попис во цела држава во предвидениот рок.

“Во недела во 8:00ч., полни со енергија и ентузијазам одиме на попис. Сигурен сум дека и граѓаните сакаат да се попишат бидејќи знаат колку е важна оваа статистичка операција за иднината на државата” – рече Симовски.

Директорот на ДЗС, Симовски ќе го објави и бројот на административни работници со договор на дело кои што ќе се вклучат во попишувањето, а тоа ќе се дознае во сабота.

“Ќе ги обезбедиме попишувачите бидејќи не станува збор за голем број, од кој што ќе зависи дали ќе почне пописот” – вели Симовски.

Состојбата со пандемијата е загрижувачка, но со строго почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, во Северна Македонија ќе се одржи успешен попис, кој ќе почне на 5-ти а се планира да заврши на 30-ти септември. До тој датум ќе трае и онлајн попишувањето за дијаспората кој што трае уште од први март.