ЕКСКЛУЗИВНО : Европските десничари и другари на Хан ги загреале телефоните кон Македонија

0
1045

Европските десничари и другари на Хан ги загреале телефоните кон Македонија, Хан неможел сам да ја реши ситуацијата па ги замолил многумина влијателни десничари од Европа,а посебно од Австрија и Германија да најдат луѓе блиски на Зоран Заев и да го замолат да попушти да Груевски остане премиер до крајот на годината.

johanes-han-540x248

Денес од Европа кон македонци блиски на Зоран Заев се врти по десетина пати по телефон со молба да го замолат или притиснат Зоран Заев да попушти. Заради тоа што се работи за луѓе познавачи на приликите во Македонија до денес не им е јасно зошто Груевски би требало да остане до крај на годината.Какви тоа операции и профити е замислено да остварат посебно што ако Груевски остане ЕК неможе и да сака да даде позитивен извештај.

Има интереси покрупни од интересите на Македонија и Унијата,а ако такви интереси постојат тоа се сигурно финансиски интереси ,велат македонците кои ете требало да го притиснат Зоран Заев. Списоците на ваквите личности ги правеле Ѓорчев и Срѓан Керим кој читаме дека е по средно- европска голема турнеа и во посета на политички пензионери блиски со Хан. Дознаваме дека Хан кога бил во раководството на неговата партија во Виена ,најголемата услуга да стане евродипломат ја добил од Ерхард Бусек.Како што дознаваме Бусек е во одлични врски со Хан и се од партиска и пријателска природа.

Десничарите во Австрија биле со цврст став ,Груевски да замине што поитно и ги советувале македонците по списокот на Керим и Ѓорчев да не подлегнуваат на притисоци на Бусек и околината на Хан.Во Германија пак ситуацијата била иста но дури десничарите биле уште по категорични од тие во Австрија за заминување од власт на Груевски но и на Орбан.

Изгледа во ЕУ трае овие денови судар во десницата околу Македонија и има веќе индиции дека доколку е потребно ,Хан би се повлекол од понатамошниот процес на преговорите.