ОСМАНИ ИТНО РАЗГОВАРАШЕ СО БАЈРАМОВ И МИРЗОЈАН : ПРЕКУ КОНСТРУКТИВЕН ДИЈАЛОГ ДА СЕ СТАБИЛИЗИРА СОСТОЈБАТА ОКОЛУ ЛАЧИН КОРИДОРОТ

0
457

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денес, непосредно при неговото пристигнување во Астана, која е дел од неговата централно азиска турнеја, поради сензитивноста што се случува во Лачин Коридорот и потребата за итно реагирање, оствари два одделни телефонски разговори со Министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, Џејхун Бајрамов и Арарат Мирзојан.

Министерот Османи ја изрази својата загриженост за состојбата околу коридорот Лачин и влијанието врз цивилното население, особено ранливите групи, вклучително жените и децата. Воедно, Османи истакна дека внимателно ја следи ситуацијата во Лачин коридорот и го повтори својот повик за конструктивен и продуктивен дијалог како авенија за одржливи решенија, за доброто на локалното население.

Претседавачот Османи истакна дека треба да преовладуваат хуманитарните аспекти и непосредните потреби на луѓето. Воедно ја потенцира потребата за користење на ОБСЕ механизмите и соодветни мерки како дел од решенијата за нормализирање на односите и градење доверба меѓу Ерменија и Азербејџан.

Претседавачот на ОБСЕ Османи, ја потврди својата подготвеност да продолжи со личниот, активен ангажман со страните и во таа насока, тој повтори дека Северна Македонија е подготвена да понуди платформа за дијалог, додавајќи ги напорите и можните решенија за одржлив мир.