Османи: За Рамазан седете дома и посветете се на себе, фамилијата и на Бога

0
1122

Од вечерва почнуваат рамазанските пости, еден од најзначајните обврски што ни помага да се одвоиме од овоземските предизвици и да се посветиме на нашата внатрешна духовната светост. Ова е период кога секој од нас треба да се сврти кон себе, кон своите најблиски, фамилијата и кон Бога за да го почувствуваме единството и еднаквоства пред Бога, кое што ни го овозможува овој месец преку постот, избегнувањето на лошите навики и гревови, истакна вицепремиерот Бујар Османи, по повод започнувањето на рамазанските пости.

Тој додаде дека денеска, кога сите сме соочени со длабока криза, предизвикана од една од најголемите пандеми во историјата Ковид-19, токму во изградбата на нашиот внатрешен духовен мир се наоѓа и одговорот на оваа сегашна закана.

– Седете дома; бидете со своите најблиски, посветете се на себе, на фамилијата, на Бога и со тоа помогнете си најмногу на себе, на своите најбилиски, но и на сите нас – да создадеме вистинско колективно единство. Нека ни е честит и благословен месецот Рамазан, нагласи Османи.