БОМБА НА БУБЕВСКИ ЗА АЛСАТ : ВО УБИСТВОТО КАЈ ,,ШИША БАР” ОКОЛУ ТЕЛАТА НА УБИЕНИТЕ ПРОНАЈДЕНИ СЕ 40 ДО 50 ЧАУРИ ПРИ ШТО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД КУРШУМИТЕ СЕ ЗАВРШЕНИ ВО НИВНИТЕ ТЕЛА

0
683

„Колку точно рани има во телата на убиените се знае, но и јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела“, откри шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

Најголем дел од педесетината куршуми испукани во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија завршиле во телата на двајцата убиени, откри во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат Гаврил Бубевски, шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ја координира предистрагата за случајот.