ГАЛИЈАТА СЕ ТРЕТИРА КАКО УРБАНА ОПРЕМА И ЌЕ ЈА ОТСТРАНИМЕ КАКО ПОТЕНЦИЈАЛНА ОПАСНОСТ, ШИЛЕГОВ: ГРАДОТ ИМА ПРАВО ЕДНОСТРАНО ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ГАЛИЈА ВО ВАРДАР

0
1182

Градоначалникот Петре Шилегов во Основен суд “Скопје 2” го застапуваше Градот Скопје во процесот за уривање на галијата поставена во коритото на реката Вардар, во близина на хотелот “Холидеј ин”. Судот постапува по одлуката на Апелацискиот суд со која се укинува неговата одлука за запирање на уривањето на галијата по жалба на управителот.

“Сите го превидуваат фактот дека галијата е урбана опрема. Согласно со законските прописи, тоа е еднакво на тераса од кафуле. Градот Скопје може во секое време одобрението за поставување урбана опрема да го раскине, со кој било правен субјект вклучително и со сопственикот на галијата. Дали е тоа повреда на определено право, во смисла на материјална штета е работа на секој субјект, потоа дали ќе го тужи Градот Скопје за штета или не. Овде сега расправаме, на судска расправа, што е за мене апсурдно, за правото на Градот да го раскине договорот, односно да го укине решението за поставување урбана опрема. Замислете ако со секој ресторан или секое кафуле на кое му го одземаме решението завршуваме на суд со судска постапка. Галиите во Вардар не се ништо друго освен урбана опрем” – рече градоначалникот Шилегов.

“Она што беше мое внимание, е да по моја проценка и по проценка на службите во Градот Скопје го раскинеме договорот со цел евентуалното материјално побарување за штета го осуетиме, зашто се самите виновни зошто е раскинат договорот. Неприкосновено е правото на Град Скопје да го уредува поставувањето на урбана опрема. Според мене, овде разговараме за една по малку апсурдна ситуација, дали ние како Град Скопје на ресторани на кои им издаваме решенија за поставување летни тераси, воопшто имаме право да им ги укинеме. Мислам дека тоа право судот недоволно добро го ценеше во првостепената постапка. Тоа право на Градот да го укине таквото решение, Апелациониот суд добро го утврди” – рече Шилегов.