ОРГАНИЗИРАНА АКЦИЈА НА ИНСПЕКТОРАТОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА НА ПАЗАРОТ ЗА СТАРИ РАБОТИ

0
420

👉На барање на жителите на населеното место Кирил Петрушевски, Инспекторатот на општина Гази Баба денес организираше акција за санкционирање на дивите продавачи на производи на улицата Вера Радосављевиќ која е пристапна улица до пазарот за стари работи.

🤝Акцијата се спроведе во соработка со Министерството за внатрешни работи и ЈП Градски паркинг.

🚗Во акцијата беа отстранети возилата оставени на коловозот, а согласно Законот за јавна чистота без изречени повеќе глоби.

👇Ваквите акции ќе се оддржуваат често на двете критични точки и тоа на улицата покрај пазарот во Ченто и тука во населеното место Кирил Петрушевски.

❌Толеранција на незаконито работење нема да има за никого!

✅Граѓанинот пред се!

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.