КОВАЧЕВСКИ – ОРЛИЌ : КЛУЧНА Е УЛОГАТА И ОДГОВОРНОСТА НА ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

0
371

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на Србија, денеска оствари средба со претседателот на српското Собрание Владимир Орлиќ.
Ковачевски на средбата изрази задоволство од редовните контакти и одличната соработка меѓу двата законодавни дома на Србија и Северна Македонија, потенцирајќи ја важноста на формирањето на двете собраниски групи за пријателство и соработка.

Исто така беше поздравена редовната комуникација и соработка, која ќе придонесете во нагласување на важноста на улогата и одговорноста на пратениците за секоја фаза од евроинтегративните процеси на нашите две земји.На средбата двајцата соговорници ја потенциира важноста од решавање на отворените прашања со соседите, како и темелните реформи за доброто на граѓаните.Конструктивни политики, почитување и унапредување на односите со соседите, се важни за европскиот напредок и просперитет на Западен Балкан.