ДЕХАРИ : „АХМЕТИСТИТЕ“ И „ОГНЕНИТЕ“ ЌЕ СЕ СМИРАТ И ЌЕ СЕДНАТ НА МАСА

0
400

„Ахметистите“ и „огнената група“ во Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе се смират и повторно ќе седнат на маса кај Али Ахмети, оценува кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари. Тој во емисијата „200“ на „Алсат“ рече дека дебатата меѓу незадоволните и министрите на ДУИ треба да се врати во партиските органи.
Дехари во интервјуто, кое ќе биде емитувано вечерва, зборуваше и за назначувањето на Бујар Османи за координатор на партијата во Чаир, „Дрим тимот“ од министри на ДУИ, договорот за коридорите 8 и 10, како и статусот на поранешните борци на ОНА.

„Враќањето на дебатата внатре во партиските структури и продолжување на овие судири и мислења на маса каде што сме решавале и поголеми проблеми, посериозни проблеми за нашите граѓани и воопшто за политиката, таму ќе го избереме најдоброто… Господинот Ахмети, неговиот начин на функционирање, неговиот пристап, убеден сум дека ќе го свика следниот состанок на структурите на ДУИ“, рече Дехари.