СПАСОВСКИ : ВКУПНИОТ КРИМИНАЛ НА ПОДРАЧЈЕТО НА СВР ОХРИД ВО ИЗМИНАТИТЕ ПЕТ МЕСЕЦИ ОД 2023 ГОДИНА, СПОРЕДБЕНО СО ИСТИОТ ПЕРИОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА, БЕЛЕЖИ НАМАЛУВАЊЕ ЗА 22%

0
560

▶️Во делот на тешките кражби, во текот на 2023 година, бележиме намалување на овој вид пријавени кривични дела за 38%, споредбено со истиот период лани.
▶️Класичниот криминал на територија на СВР Охрид во првите пет месеци од 2023 година бележи намалување 20%. споредбено со истиот период 2022 година.
▶️Исто така бележиме намалување и во делот на економскиот криминал каде годинава во споредба со првите пет месеци од минатата имаме намалување за цели 38% на територија на СВР Охрид. Позитивен тренд се бележи и во областа на сообраќајот каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди.
Од страна на СВР Охрид во првите пет месеци во текот на 2023 година реализирани се 52 настани за превенција.
▶️На подрачјето на ОВР Струга во првите пет месеци од 2023 година компаративно со истиот период лани бележиме намалување за 28% на вкупниот број регистрирани кривични дела. Во областа на класичниот криминалитет пак оваа година имаме намалување за 31% споредбено со минатата година.

Фејсбук статус на министерот за Внатрешни работи, Оливер Спасовски.