ПРОТЕСТ ВО СОФИЈА ЗА БЕКИР КАДРИЕВСКИ

0
710
Пред Македонскиот културен центар во Софија, се одржа протест за поддршка на копретседателот на бугарското здружение „Шемето“ во Струга, Бекир Кадриески, кој тврди дека беше претепан поради бугарското национално чувство.

-Нападите против Бугарите станаа десетици, а позадината на тоа е долготрајната репресија врз нив во Северна Македонија, која започна со комунистичкиот терор во Југославија – велат организаторите на настанот.На протестот учествуваше и европратеникот од бугарското ВМРО Ангел Џамбаски, кој рече дека Македонија е бугарска.

-Резолуцијата на германскиот Бундестаг за Северна Македонија е навредлива за Бугарија и е голем неуспех на бугарската дипломатија. Тоа значи непријателство кон нашата земја. Тоа ќе има огромен негативен ефект, бидејќи Бугарија е директно повикана да нема претензии за заштита на правата и легитимни интереси на луѓе со бугарска самосвест. На овој начин Германија застанува на страната на антибугарската моќ во Северна Македонија – рече Џамбаски.

Инаку, Кадриевски беше пренесен во Софија каде му беа направени прегледи откако обвини дека лекарите кои го прегледувале во болницата во Струга не обрнале доволно внимание. Од Воено-медицинската академија во Софија информираа дека е во стабилна сосотојба и нема посериозни повреди.