ПЕТРОВСКА : ПОВЕДЕНА Е ПОСТАПКА ЗА СУСПЕНДИРАЊЕ ОД РАБОТНОТО МЕСТО ПРОТИВ ЗАМЕНИКОТ НА НАЌЕ ЧУЛЕВ

0
752

Во врска со несоодветно и насилничко однесување на припадникот на МВР, Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ги заврши потребните проверки за настанот во Тетово кој се случи на 15.07.2020 год при што констатира дека постои основано сомнение дека полицискиот службеник, државен советник за полициски и криминалистички работи на министерот за внатрешни работи сторил кривично дело насилство по член 386 став1 и малтретирање при вршење служба по член 143 од КЗ за што против истиот до ОЈО ГОКК – Одделението за гонење на сторите на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесена е кривична пријава.
Против државниот советник поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и истиот ќе биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка во МВР

Фејсбук статус на заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска.