ГО НАЧЕКАЛЕ ВО БАР ВО БАТИНЦИ, ПА ГО ТЕПАЛЕ СО ПИШТОЛ ПО ГЛАВА

0
2088

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.

-Двајцата осомничени, на возраст од 40 и 44 години, на 2 март во кафе бар во селото Батинци, извршиле грубо насилство и телесно повредиле едно лице. Додека оштетениот седел во објектот со уште други две лица, осомничените влегле и веднаш се упатиле кон него. Едниот со нож, а другиот со пиштол во раката, започнале да го пцујат и да му се закануваат на оштетениот. Тој почнал да бега, но двајцата осомничени го стигнале во близина на угостителскиот објект, му нанеле убодна рана со нож и повеќепати го удриле со пиштолот во пределот на главата. Кај сведоците на настанот со тоа предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, велат од ОЈО.

Јавниот обвинител, оценувајќи дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор​.