СЕДИ МИРЕН, АКО ТИ СЕ МИЛИ ДЕЦАТА!“ МИЦКОСКИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПРЕКУ ФЕЈСБУК

0
522

Закани по животот, негов и на неговите деца, примил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук.

Од профили со имиња Роберт Типчето и Роберт Тркалај, се објавени фотографии од Мицкоски, а под нив закани кон неговото семејство, во кои се вели „да биде мирен, доколку му е мило семејството“.

„Една порака до Христијан Мицкоски. Ако му е мила фамилијата и децата, нека седи мирен. Во спротивно неговите деца ќе завршат во некој еднек како кучиња“ – се наведува во постот.Постот е споделен од двата профили и е јавно видлив за сите.Не е познато дали профилот е автентичен и дали заканите се пријавени до МВР и до администраторите на социјалната мрежа.