Грујо и Бате Саше спроведуваат план за неутрализирање на Шарената револуција: Режимот врши притисок за затворски казни за обвинетите за демолирање на канцеларијата на Иванов

0
997

Обвинетите за демолирање на Народната канцеларија на претседателот Иванов во центарот на Скопје на вториот ден од протестите на Шарената револуција, по барање на обвинтелката од ОЈО, засега со одлука на судијката која го води случајот се во 30-дневен куќен притвор.

На оваа одлука има жалба од обвинителката во Апелација за притвор во Истражниот затвор во Шутка. Обвинителката и вчера остана на барањето двајцата обвинети Никола Аризанов и Филип Наковски да надоместат штета од 880 илјади денари. По забелешката кој и како ја проценил штетата и како ќе се утврди дека целата ја сториле тие, останува да се направи вештачење до 13-ти мај и да се утврди за колкава сума се работи.

Во меѓувреме, според извори на Либертас во Кривичниот суд, врз судијката која го води случајот бил вршен силен притисок од власта преку нејзините претпоставени, процесот да го заврши што побрзо и на двајцата да им одреди затворски казни.

Целта за ваква нелогична и ригорозна санкција, според изворите на Либертас, е нивните затворски казни да влијаат врз учесниците на Шатената револуција, да бидат заплашување, но и провокација да бидат предизвикани на агресивно однесување за време на протестите. Тоа, велат изворите на Либертас, е еден од плановите на власта како да ја неутрализира и разбие Шарената револуција која од ден на ден се шири низ се повеќе градови низ Македонија.

Извор: Либертас