ЗАЕВ ДЕТОНИРА НУКЛЕАРКА ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ПРЕС 24: На 12-ти април, СДСМ повторно ќе ја добие довербата на мнозинството граѓани, ќе формира влада и стабилно ќе ја води земјата низ целосен 4-годишен мандат!

0
1016

Press24.: На два месеци пред изборите анкетите прогнозираат изедначени изборни резултати, дел анкети мала предност за опозицијата, но последните објавени анкети прогнозираат предност на власта. Какви се Вашите прогнози и какви избори очекувате?

Заев: Анкетите покажуваат дека на овие избори СДСМ е фаворит, дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу двата концепта. Политиките на СДСМ за интеграција, за стабилност преку членство во НАТО, за економски раст и за голема помош на сиромашните и ранливите се далеку повеќе поддржани од политиките на ВМРО-ДПМНЕ, партија која е препознаена како нереформирана, под контрола на бегалецот од Будимпешта. Концептот на СДСМ кој е за одење напред кон сигурна иднина води пред оној на ВМРО-ДПМНЕ кој е за мрачното минато.
И тоа ќе се потврди на 12 април. На 12 април следуваат фер, слободни и демократски избори на кои СДСМ повторно ќе ја добие довербата на мнозинството граѓани, ќе формира влада и стабилно ќе ја води земјата низ целосен 4-годишен мандат.

Press24: Што според Вас ќе значи успех на СДСМ на овие избори?

Заев: Успех е да огранизираме слободни и чисти избори на кои граѓаните слободно ќе гласаат, избори на кои СДСМ со својот концепт за развој на македонската економија и за унапредување на општеството, ќе добие поддршка од граѓаните и мандат да продолжи да ги предводи институциите и да продолжи да работи за граѓаните.

Press24: Прашањето ми е во смисла на крајниот резултат. На пример можно ли повторување на сценариото од 2016, победа на ВМРО-ДПМНЕ, а не можност за формирање влада? Дали тоа за Вас би било изборен успех за СДСМ?

Заев: Политиките на ова ВМРО-ДПМНЕ се ретргорадни, штетни за државата, опасни по нашето членство во НАТО, погубни за европската интеграција – тоа се политиките на Никола Груевски и Христијан Мицкоски. Партија која не научила ништо, не собрала сили да покаже грам демократски капацитет и која речиси 15 години е заробена од криминални интереси не може да победи на избори во 2020 година, годината кога нашата татковина станува членка на НАТО. Стратешкиот интерес на земјата ќе добие мнозинска поддршка во споредба со интересот на ДПМНЕ за крадени пари. Успехот на граѓаните кои сакаат мирен, стабилен живот во држава со силна економија во која има ред, овој пат ќе биде неприкосновен.

Press24: Хипотетички, ако се случи изборен резултат кој тешко би гарантирал формирање мнозинство за влада, дали широка коалиција ни била опција која би ја поддржала СДСМ?

Заев: Во СДСМ постојат само победнички математики, не постојат други опции, ниту хипотетички. СДСМ и на овие избори ќе ја води најголемата коалиција од политички сили кои ги претставуваат сите заедници кои живеат во нашата земја. СДСМ е партија со најголем коалиционен потенцијал, лидер на победничка коалиција која ќе ја води следната политичка влада.