КОВАЧЕВСКИ : ЕУ НИ Е ПОТРЕБНА, НО И НИЕ СМЕ И ПОТРЕБНИ НА ЕУ

0
283
Пресконференција на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

ЕУ и е потребна на Северна Македонија, но исто така, ние сме ѝ потребни на Европската Унија. Европа може да е стабилна и да е безбедна, само ако е целосна и обединета, рече денеска претседателот Димитар Ковачевски на заедничка прес конференција со претседателот на германската СПД, Ларс Клингбеил во седиштето на СДСМ.

Социјалдемократските политики им се потребни на граѓаните и на државата. Тие значат европски животен стандард дома, значат пристап до европскиот пазар, значат продолжување по европскиот пат кој носи прогрес. Европската Унија и е потребна на Северна Македонија. Но исто така, ние сме ѝ потребни на Европската Унија. Европа може да е стабилна и да е безбедна, само ако е целосна и обединета, рече Ковачевски
Колективна одговорност на прогресивните, социјалдемократски сили во Македонија, регионот но и во Европа, е да работат заедно за посилна и пообединета Европа, додаде тој.
-Затоа ова е исклучително важен момент во македонската историја. Ние имаме единствена шанса која не смееме да ја пропуштиме, затоа што пропуштањето ќе значи повторно мрак за државата, застој и уназадување на сето она што е постигнато досега, значи целосна изолација, со последици далеку посериозни од претходната декада режим, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.