Македонските дипломати ќе протестираат

0
885

Денеска во 12.05 часот македонските дипломати ќе одржат предупредувачки протест против, како што велат, целосна дерогација на основните функции и деградација на Министерството за надворешни работи“.

Протестот ќе се одржи пред МНР во симболично време 12.05, кога ќе бидат претставени и барањата на Синдикатот за репрофесионализација на дипломатската служба.

– Најитно ставање во мирување на сите измени на постојниот ЗНР од 2008 година наваму и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени и, со тоа, враќање во сила на оригинерниот текст ЗНР од 2006 г. за нормализирање на состојбите во МНР и реинституционализирање на МНР во интерес на надворешната политика, најитно повлекување на Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор донесени во 2014 година, и враќање на Законот за државни службеници од 2000 г. во неговата оригинерна форма, за избегнување потполна зависност на вработените од актуелниот политичар на чело на институцијата – велат од Синдикатот на дипломатската служба.