Нови поделби во ОК Вмро-Дпмне Кр.Паланка, зетот на екс градоначалникот Алексовски назначен за претседател

0
930

Од 2016 наваму, ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка како реди порази, така реди и смени на кормилото. За четири години, се сменија дури три претседатели на Општинскиот Комитет во оваа општина. Веќе и да не постои Општински Комитет, едни исти 5/6 активисти се од лепачи на плакати до кандидати. Членството им бега, активистите исто така.

Победничкиот дух одамна не е присутен меѓу кривопаланечките вмровци. По катастрофалниот пораз на последните локални избори 2017г, следеа порази и на претседателските, референдумот а последниот пораз од околу 2.500 гласови разлика им се случи на последните предвремени парламентарни избори, оваа година.

Пораз со кој граѓаните им пратија порака дека во нивната политика и кадри воопшто не веруваат и дека треба да почнат да се менуваат. И наместо да ја примат пораката од народот, тие борејки се за лична корист, и натаму сами продолжуваат да и копаат гроб на партијата. Крилото на екс градоначалникот Арсенчо Алексовски, човек кој секогаш наоѓа начин како да биде во “игра” со секое партиско раководство, повторно успеа за претседател да назначи свој човек.

Арсенчо Алексовски, излобирал кај Христијан Мицкоски, својот зет за керка (догогодишна врска) да биде поставен за претседател на Општинскиот Комитет. Дознаваме дека намерата на Алексовски била, сега да успее да постави свој човек од доверба за претседател на ОК, за да му се отвори патот повторно да се кандидира за градоначалник. Првиот план му успеал, поблизок човек од свој зет-здравје.

Е, сега, вториот план е дедото (Арсенчо) да биде градоначалник а зетот да биде директор на ЈП Комуналец. На крај, желбите и плановите се едно, реалноста е нешто сосема друго. Времето ке покаже… Во прашање е колку ќе трае мандатот и на овој претседател.

Прогнозите се до локалните избори 2021, кога ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина ја очекува уште еден катастрофален пораз, без разлика кои ќе бидат кандидатите и од двете страни, затоа што граѓаните се сведоци на градежната офанзива која се случува после 50 години во оваа општина како и на слободата, демократијата, време кога нема реваншизам, нема инспекциски нарачки и казни, наспроти оној период на сеење страв, омраза и поделби по секоја основа.