ОД ДЕНЕС, ПОНЕДЕЛНИК 3 ЈУЛИ ЈП ЛАЈКА ЗАПОЧНУВА СО СТРАТЕШКО ЗАЛОВУВАЊЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

0
542

Почитувани граѓани на општина Аеродром

Би сакале да ве известиме дека од понеделник, 3ти јули 2023 година заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром.

Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (03-07 јули) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]