ДОДЕКА НЕ СЕ НАПРАВИ РЕМОНТ НА ЈАВНИОТ СЕКТОР, ЌЕ ИМА ЛЕВИЈАТАН ШТО НИЕДНА ПАРТИЈА НЕМА ДА МОЖЕ ДА ГО ОТПЛЕТКА : КОЛОЗОВА АНАЛИЗИРА

0
559

Катерина Колозова, повторно со анализа на актуелната состојба.

„Пак ќе повторам, 30 години сме хибриден режим (според Handbook-от од 2010 кој нонстоп го цитирам. И кој се повикува на Freedom House извештаи, меѓу другото). И кога паѓаше Грујо тврдев дека на ниво на управување ќе останеме заробен режим ако “добро владеење” се разбира ко пишување и имплементирање закони.

Помеѓу има нешто што се вика политики (public affairs, policy, administration во француска смисла) кое има димензија токму на чекори на управување и е врзано со реалната животна пракса, чекорите на политики се правилата на игра, а самиот закон е само рамка на законитост. И понатаму имаме закони детализирани ко правилници, од причина што закон, потчинување и камшик е единствената филозофија на управување што ја знае нашата академска заедница од релевантните области. Така, има механизми и нивно отсуство, и затоа добиваме своеволна каста, администрација, која се крие зад политичарите, некогаш повеќе а некогаш помалку инструментализирана.

И да сме без влади, ко некогаш Италија, Белгија, пак ќе бидеме хибриден режим, ко и оваа година и 30 назад – пак службите ќе се изживуваат а законот ќе биде изговор да нема социјално, да нема пензија, да чекаш 3 месеца на лични документи и сл. Оти законот и стварниот живот не може да се поклопат совршено. Додека не се направи ремонт на јавниот сектор, кајшто администрирањето нема да се сфаќа ко “владеење над поединецот” (дефиницијата во учебникот на професорката, моја парафраза), ќе има Левијатан што ниедна партија нема да може да го отплетка – од проста причина што авторитарната култура е впишана во моделот на управување/владеење, и секој од нас е уверен во неа. Така не научиле на најстариот факултет. Кога ќе се каже авторитарна култура: таа има место кај станува и кај се демонтира ко таква.

Е сега, од авторитарна до злоупотреба е пола чекор. Затоа, додека ова “филозофирање” кое е базично знаење во земји кои навостина го почитува Европскиот charter на темелни права, не влезе во главите и не се направи ремонт, нема ни демократско, ни праведно, па ни законито владеење. Оти административниот апарат (сосе судовите, катастрите итн) е составен да биде сам по себе моќен авторитарен апарат, но и подложен да стане алатка на секоја власт. Во 2016 ми викавте “релативизирам”, е па еве го дека не сум релативизирала. Затоа, кој и да критикува, особено тој што така дефинира администрирање, нема да ја оправи работата ако не оди подалеку. Читајте го Флоријан Бибер, од 2019 книгата.“, напиша таа.