ОД ВАКВИ ЗЕЛКИ НА ПОПОВИ И ОЏИ ВО ЏАМИИТЕ И БОГОСЛУЖБИТЕ СИ ТРПИМЕ МАКА СО ДЕЦЕНИИ : МПЦ и ИВЗ си тераат по свое, за владиката Петар храмовите биле најголеми болници

0
1406

Најголемите болници за лекување на болните се црквите и ние нема да ги затвориме но повикуваме верниците да се придржуваат до правилата и препораките на Владата во однос на состојбата со заразата од коронавирусот, изјави за А1 он Митрополитот Петар. Според него Македонската православна црква и православната вера не дозволуваат затворање на храмовите и ниту еден верник нема да биде вратен од литургија или пак ако сака да добие услуга од црквата а свештениците ќе ги посетуваат домовите доколку некој ги повика. Овој став го дели и Исламската верска заедница а според Агрон Војника од ИВЗ, поголема паника меќу верниците ќе има доколку џамиите бидат затворени.

„Ние не можеме да ги бркаме верниците ниту да ги затвориме црквите. Ова се светите правила на православната вера и од тоа нема да отстапиме. Сепак повикуваме верниците да ги почитуваат правилата и препораките на владата и да ја одржуваат хигиената, тие кои имаат некакви симптоми да останат во самоизолација а лицата постари од 65 години исто така да внимаваат“, вели Метрополитот Петар.

Крштевките и венчавките ги откажауваат самите граѓани, поради како што вели Метрополитот Петар не можат да прославуваат во ресторани но од страна на МПЦ тие не ги одбиваат доколку некој сака да ги изврши овие обреди во храмовите.

„Самите верници одлучуваат за услугите што сакаат или не сакаат да ги изврши МПЦ. Ние сме на располагање на верниците и ќе ја почитуваме нивната одлука. Остануваат редовните литургии во храмовите и сите други верски обреди според вољата на верниците, вели Митрополитот Петар.